ВМРО-ДПМНЕ за „бомбата“: Заев и СДСМ признаа дека местат судски случаи и договараат нивно паѓање, ќе одговараат!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По повод денешната „бомба“ која се појави во јавноста, а во која наводно се слуша гласот на Зоран Заев како коментира за случаите на СЈО и законот за ЈО, се огласи и ВМРО-ДПМНЕ.

„Она што Зоран Заев и СДСМ  велат дека се “реформи” во судството во реалноста значат паѓање на предмети, оневозможување на правдата, брутално и грубо мешање на извршната во судската власт.

Се почна од признанијата на Заев дека “Катица се знае”, “со Јово сум договорен”, “судот одлучи трас трас”, па се до денешната аудио бомба каде се слуша дека Заев “позадински” местел судски случаи, дека “позадински комбинациите се правени со Катица, Оливер, со Радмила“.

Она што Заев и СДСМ велат дека се “реформи”, секаде во Светот е криминал и попречување на правда.

Зоран Заев и СДСМ ја признаа автентичноста на снимките, но доаѓа времето кога и ќе одговараат за содржината која се открива од нив. Јасно е дека Заев е готов!“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.