ВМРО-ДПМНЕ со реакција на изјавата на иницијативниот одбор за промени во партијата, од каде денеска истакнаа дека бараат вонреден конгрес за избор на нов претседател, откако претходно побараа од Христијан Мицкоски да поднесе оставка.
„Една помала група на поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои наместо да се фокусираат на борбата против Зоран Заев, одбраа да служат на неговите интереси и денес кога уште не е изгласана новата Влада на Заев, со стари и компромитирани транзициски кадри побараа нов конгрес и дадоа изјава пред седиштето на партијата.“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
