Дури кај 39 полициски службеници внатрешната контрола на МВР констатирала сериозни пропусти во работењето во случајот со насилството на Стојанче врз Ивана, која заедно со својата малолетна ќерка трагично ги загубија животите по пад од зграда.
Од МВР соопштуваат дека пропустите се поврзани со начинот на постапување по пријавите за семејно насилство во семејството.
Одделот за внатрешна контрола веќе го известил надлежното обвинителство, кое треба да ја разггледа евентуалната одговорност на полициските службеници.
Случајот е проследен до Обвинителството за организиран криминал и корупција, кое треба да утврди дали има елементи за кривична одговорност во постапување по пријавите.
Пред трагедијата, од семејството биле поднесувани повеќе пријави за насилство, по кои постапувале различни полициски службеници.
