Денес на Халкидики стапи на сила забрана за сообраќај и пешачење во одредени шумски подрачја поради високиот ризик од шумски пожари.
Мерката, која ќе биде на сила од 8 часот наутро до 20 часот навечер, се однесува на подрачјата на општините Касандра, Ситонија и Аристотелис, каде што индексот на опасност од пожар е во категорија 3, објавува порталот „Теспост“.
Во исто време, планирано е отстранување на возилата и луѓето што се наоѓаат во областите каде што е на сила забраната.
Локалните власти ги повикаа жителите и посетителите да ја почитуваат забраната и упатствата на надлежните органи, а прекршувањето на забраната подразбира казна од 300 евра.
