Внимавајте, одрон на патот Берово – Струмица!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува на П.Шапка, Маврово и Крушево.

На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај с.Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Поради протест на транспортерите блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата.

ФОТО: Архива