Внимавајте што потпишувате – ако спогодбено го раскинете договорот со фирмата, нема финансиска помош

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Работниците не треба да потпишуваат спогодбено отпуштање од работа иако тоа им го нудат работодавачите, затоа што на тој начин не можат да земат надоместок.  Граѓаните кои останале без работа, но не потпишале таков документ, туку биле како технолошки вишок, ќе добијат парична помош. Ова го порача го истакна Ѓонул Бајрактар заменик на министерството за труд и социјална политика на видео сесија во Владата „Ковид-19, прашања и одговори за социјалните мерки“.

„Ако се работи за едно члено домаќинство тогаш почнуваме со 4 илјади денари до максимум од 5 члено возрасно семејство до 10 илјади денари. Просекот е од 4 илјади до 10 илјади денари, значи 7 илјади денари месечно. Покрај тоа и за примателите на минимална помош кои што се околу 30 илјади корисници, и за нив за месеците април и мај ќе имаме плус додаток за енергенси и трошкови кои ги имаат, плус 1000 денари“, истакна Ѓонул Бајрактар

Од друга страна дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ изјави дека преку центрите за социјална работа испорачале над 600 пакети со хигиенски продукти кои биле наменети токму за семејствата што живеат во субстандардни услови, а дополнително заедно со УНИЦЕФ ќе обезбедат и друга тура.

„Околу 200 лица ќе испорачуваат директни услуги кои треба да го помогнат секојдневното функционирање на лицата со попреченост, на старите лица во 27 општини, Во однос на самото изведување на онлајн наставата, благодарение на меморандумот што го потпишаа МОН и МИОА заедно со Телеком, на околу 30.000 деца од семејства кои живеат во социјален ризик ќе им бидат поделени преку центрите за социјална работа картички со интернет“, посочи Санела Шкријељ

Во исклучителни ситуации, како што е наведено во одредена писмена изјава, работникот треба да е достапен за работодвачот. Доколку има потреба за извршување на некоја активност која што е витална и неопходна за работниот процес, работодавачот може да побара извршување на некоја активност од дома или максимум два часа присуство на работното место.