Во 2014 година започна изградбата на театарот во Тетово, до сега е завршена само првата фаза

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Објектот на Театарот и библиотеката во Тетово ќе заврши до крајот на 2025 и исплатата треба да заврши од страна на владата до 2026. Вака изјави директорот на Домот на културата во Тетово, Арлинд Хусеини. Според него, средствата се обезбедени и сега се чека да започне втората фаза од објектот.

„Работите за театарот и библиотеката во Тетово , според одлуката на владата предвидено е да завршат до 2025 а во 2026 да се исплатата парите за работите околу театарот во Тетово. Средствата за капиталниот проект се обезбедени, буџетот е комплетиран според договорот и ќе се реализира во неколку фази со одлука на владата а исплатата се очекува најдоцна до крајот на 2026.“, вели Арлинд Хусеини.

Сега за сега голем проблем е тоа што салата во Домот на културата нема централно греење. Хусеини вели во текот на следната година очекува да се изнајде соодветно решение.

-Речиси 10 или 15 години постои овој проблем , се е застарено, јас од дента кога дојдов како директор на домот на културата имам план во иднина да имаме голем проект, да има греење.

Од Тетовскиот театар велат дека имаат тешкотии кога треба да одржуваат проби, бидејќи големата сала во Домот на културата е ладна и не можат да ги натераат актерите да одржуваат проби во големата сала.

„Не велам дека нема услови за работа бидејќи секторот за администрација има греење, проблемот е во големата сала и немаме можност да одржуваме проби континуирано“, изјави Беким Исмаили.

Камен темелникот на Тетовскиот театар е поставен во 2014 а и по 7 години завршена е само првата фаза од проектот. Честото менување на министри за култура, внатрешните ревизии поради сомнеж за злоупотреба и непуштањето на средствата од страна на владата се причина Тетовскиот театар се уште да нема свој објект.