Во 2016 година за 10% имало поголем одѕив до 13 часот на гласачи од 2020 година на парламентарните избори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Над 10% поголема била излезноста до 13 часот на предвремените парламентарни избори во 2016 година, покажуваат податоците кои предмалку на прес конференција ги објави Државната изборна комисија.

Во 2016 година до 13 часот излезноста била 34,83%, а оваа година до овој момент излезноста е 24.61%.

Овие податоци за излезност до 13 часот за оваа година не се целосно обработени, се уште во ДИК пристигнувата податоци од Општинските изборни комисии.