Во 6 кичевски села живеат околу 10 жители, младите си заминуваат и не се враќаат

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ова е патот кој води до селото Рабетин, кичевско. Селото е на 20 км од Кичево. Улицата е со дупки но проодна, а најблиската продавница е на 10 км. Во ова село со над 16 куќи, чадат само 2 оџаци оваа зима, бидејќи овде живеат само 3 возрасни жители. Ацо Божиноски со сопругата и уште една возрасна жена. Порано ова село броело над 100 жители, раскажува Божиноски.

Иста е состојбата и во другите села од поранешната општина Вранештица која денес спаѓа под општина Кичево. Според Божиноски има села со по еден жител. Според него во 6 села има вкупно околу 10 жители.

Тој вели дека улицата е оштетена, немаат водовод, пијат вода од реката која тече околу селото.


Божиноски вели дека ќе живее овде до крајот на животот, но не се надева дека младите ќе с е вратат да живеат на село.

Тој вели дека имаат проблем со нелегалната сечачи на дрва кои доаѓаат и ги сечат дрвјата во планината. Неколку пати случајот го пријавувале кај надлежните органи но не наишле на слух. Инаку ова е само едно од кичевските села кое се соочува со иселување на младите од село во град. Во повеќето кичевски села се останати само повозрасни жители.