Во акциска контрола МВР во Тетово и Гостивар откри 26 нерегистрирани возила

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Тетово и Гостивар, при што се санкционирани 203 возачи.

Како што информира МВР, од изречените санкции 113 се во Тетово, меѓу кои 10 за нерегистрирани возила и шест за возење без возачка дозвола. Во Гостивар се изречени 90 санкции од кои 16 за нерегистрирани возила, а 12 за возење без возачка дозвола.

Од МВР најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат засилените сообраќајни контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.