Во Албанија 737 заразени, 414 оздравени и 13 починати од Ковид-19

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во Албанија и во изминатото деноноќие регистрирани се високи бројки на новозарзени со Ковид-19, на оздравени но и на починати.

-Од направените 2.470 тестови ковид позитивни биле 737 лица, што е 30 отсто од тестираните случаи. Во исто време битката со опасниот вирус ја добија 414 или 15.469 од вкупно заразените 32.196 лица. За жал битката ја изгубија 13 лица на возраст од 54 до 85 годни ,односно 685 до сега, информираше Министерството за здравство и социјална заштита.

Според истиот извор, се зголемува и бројот на хоспитализирани. Во трите ковид болници се третираат 443 пациенти.

Во меѓувреме продолжуваат обвинувањата од опозицијата дека властите ја затскриваат реалната бројка на починати, но и на „наводните слободни болнички капацитети“.

Докторката Мирела Табаку, експерт од јавното здравство, во име на опозициската Демократска партија, објави видео каде се гледа редица амбулантни возила пред втората ковид болница „Шефќет Ндроќи“ во кои има пациенти на кои тука им се пружа лекарска услуга.