Регистрирана е првата жртва од високите температури во Албанија, каде што во одредени места достигнува до 40 степени.
Станува збор за 80-годишен старец кој бил пронајден без знаци на живот вчера на магистралниот пат Росковец – Берат.
Во меѓувреме кај нашиот западен сосед, расте бројот на пожари. Пожар од поголеми размери има над селото Машкулоре, кај Ѓирокастро.
