Во Антарктик се бараат готвачи и други работници – плата од 34 до 66 илјади евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Британскиот институт за Антакртик, преку својата ве страница бара работници за своите истражувачки станици.

Се бараат готвачи, столари, електричари, водоинсталатери, бродски работници, оператори на погони и други работници.

Заинтересираните може да заработуваат и до 66.000 евра годишно. Сместувањето, храната, патувањето и специјалната облека се на товарот на работодавачот.

Местото на работа е на студениот Антарктик.

„Успешните кандидати ќе работат на некои од најоддалечените места на Земјата, градејќи доживотни пријателсва и придонесувајќи за науката која е важна за разбирање на нашиот променлив свет“, велат од Институтот.