Во Берово утрово измерени -5 степени – максималната температура денеска ќе достигне 21 степен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Берово со -5 степени утрово беше најладен град. Минусни температури имаше и во Скопје, Битола, Струмица, Маврово, Крива Паланка, Велес, Демир Капија и Тетово.

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (ВО оС)

-5 Берово, -2 Скопје-Петровец, Битола, Струмица, Mаврови Анови, -1 Крива Паланка, Велес, Демир Капија, Тетово, 0 Гевгелија, Штип, Куманово, Прилеп, Претор, Попова Шапка, 1 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Охрид, 2 Kрушево, 3 Виница.

На Попова Шапка има снежна покривка од 60 степени.

Времето денеска сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер oд променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.