Во Берово утрово беа измерени -6 степени, што е најниска температура измерена низ сите места во Македонија. Минусни температури имаше и на Попова Шапка, потоа во Лазарополе, Маврово и Битола каде беа измерени -3 степени, додека во Струмица, Крива Паланка и Куршево беа измерени -2 степени.
Снежната покривка на Попова Шапка изнесува 65 сантиметри.
Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.
