Берово со нула степени беше најстуден град во Македонија утрово во 8:30 часот.
Крива Паланка после него со два степени беше втор најстуден град. Во Лазарополе беа измререни три степени, во Маврово и Попова Шапка четири.
Во Скопје беа измерени 9 степени, а најтопол град беше Гевгелија со 15 степени.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне во крајните југозападни региони ќе има услови за слаб дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 25 степени.
