Во БиХ откриен прв случај на заразен со флурон, речиси 900 новозаразени со коронавирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Првиот случај на заразен со флурон, комбинирана инфекција со вирусот на грип и коронавирусот, е откриен во Босна и Херцеговина.

Првиот случај е пациент, роден во 2000 година, и хоспитализиран во Универзитетскиот клинички центар во Бања Лука.

Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина се регистрирани 899 нови случаи на коронавирус, а починале 29 лица.