Средбата која се одржа во Битола ја организираше Александар Кирацовски и на истата имаше неколку присутни лица, истакна Бојан Јовановски денеска на рочиштето за „Меѓународен сојуз“ во Кривичниот суд.
„Беше градоначалничката Наташа Петровска, секретарот на општината кој лажно се претставуваше и едно лице од ПР службата“, рече Јовановски во своите воведни зборови.
Јовановски вели дека зад проектот стои локалната, но и извршната власт.
Додаде дека не само со општина Битола, туку и со други општини и државни институции биле потпишани меморандуми за соработка.
