Многумина жители на општина Чаир живеат во згради, наместо парно греење користат дрва или се греат на струја. Граѓаните кои ги анкетираше ТВ21, велат дека веќе некое време се исклучени од системот за централно греење и дека така повеќе им одговара финансиски.
„Според нашите услови, скапо е“.
На прашањето за цената, директорот на АД Скопје Север вели дека на граѓаните не им се исплати да се греат на други начини освен парно греење. Според него, во минатото имало проблеми со системот за парно греење и затоа граѓаните се откажале од оваа варијанта на греење.
„Да се грееш на струја е дупло од цената на топлана, не е точно, причината за овие работи е што секогаш Чаир, Бутел, е запоставен, немаа добро греење, особено во 2011, ’12, ’13 и повеќето граѓани се исклучија бидејќи плаќаа а ја немаа потребната услуга, не беа третирани како што треба“, вели Куштрим Рамадани.
Инаку директорот на топлана, Рамадани се чувствува запоставен бидејќи ЕСМ, не е помогнат финансиски. Од таму велат дека чекаат, како што велат, најпрво да се врати долгот од минатата сезона па потоа да доделат други средства. Според Рамадани, тоа што е помош за граѓаните, не се дава за да се врати. Тој ги објасни причините за финансиската криза.
„Поради зголемувањето на цената на гасот бидејќи во јануари цената што ја прифати РКЕ била 23-24 денари, ние плаќавме 80 денари, сега плаќаме 107 денари, немаме од каде да вадиме пари ако не ги добиеме преку цената, тогаш немаме од каде да земеме, тоа е апсурд, надвор од секоја логика“, додава Куштрим Рамадани.
Инаку цената на парното во општина Чаир и Бутел ќе поскапи за 50% доколку ЕСМ не издвојат средства за помош на оваа топлана. На утрешната средба меѓу директорот на Скопје Север и ЕСМ се очекува конечна одлука.
