Во Чаир се отвора спортски базен вреден 1 милион евра! ​​Меџити: Околу 1.800 ученици ќе имаат пливање во нивната училишна програма

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Чаир е отворен првиот спортски базен, со инвестиција од 1 милион евра.

Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, најави дека во училиштето „7 Март“ се гради уште еден базен, притоа велејќи дека околу 1.800 ученици ќе имаат пливање како дел од нивната училишна програма.

„Чаир од денес, за прв пат има функционален базен, кој е наменет за деца. Инвестицијата е 1 милион евра, поддржана од Владата, заедно со Министерството за спорт. Ова е првиот базен што е во функција од денес, додека вториот го започнавме во дворот на училиштето „7 Март“ и сметаме дека со овие два базени, ќе бидат доволни за капацитетите на децата од Чаир. Значи, инвестираме во здравството, инвестираме во децата. Од следната учебна година, 5-то и 6-то одделение ќе имаат пливање во училишната програма, околу 1800 деца само во 5-то и 6-то одделение ќе имаат задолжително пливање во училишната програма. Исто така, веќе се започнати иницијативи за пливачки клубови кои досега работеа во други базени во градот, сега ќе бидат во општина Чаир“, рече Меџити.