Утре во текот на ноќта и во петок под влијание на нов влажен бран ќе има повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови (до 25 l/m²), а локално ќе има услови за појава на грмежи, велат од УХМР.
Во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен до засилен северен ветер. Од понеделник ќе преовладува сончево време со пораст на дневната температура.
