Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 ексклузивно откри што се предвидува во португалскиот предлог кој пред неколку дена го донесоа португалскиот шеф на дипломатијата Аугусто Сантош Силва и еврокомесарот Оливер Вархеји.
Османи откри дека овој предлог предвидува гаранции за тоа дека Договорот за добрососедство со соседна Бугарија ќе се имплементира.
„Португалскиот предлог предвидува гаранции дека Договорот за добрососедство ќе се имплементира“, рече Османи.
Денес, лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев, по новинарско прашање, истакна дека Португалското претседателство со Европската Унија и министерот за надворешни работи Аугусто Сантош Силва во понудениот предлог за решавање на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија воделе грижа да бидат вклучени очекувањата на двете страни.
