Во Делчево прогласена природна непогода – поплавени голем број домови, штетата е голема

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Овие штети ги предизвика вчерашното невреме во Делчево, кое го зафати градот и околината. Поплавени се голем број на куќи.

Итните служби утрово продолжија да работат на санирање на штетите, бидејќи силниот дожд предизвика поплави на објекти и уништи дел од патната инфраструктура. Градоначалникот, Горан Трајковски демантира дека има проблеми во канализационата мрежа.

Општинскиот совет на Делчево на денешната вонредна седница прогласи природна непогода од поплавите и невремето со град. На вонредната седница беше донесена одлука за формирање на Комисија за проценка на штети, како и заклучок за објавување на јавен повик преку кој граѓаните ќе се информираат за постапката за пријавување на штети.

При проценка и утврдување на висината на штетата, Комисијата ќе ја применува Методологијата за проценка на штети од природни непогоди и други несреќи.  Соседната општина, Македонска Каменица извести дека ќе издвои пола милион денари за санација на последиците од силното невреме кое вчера го зафати Делчево.