Во Државната изборна комисија во текот на целиот ден пристигнуваат изборните материјали и записници на кои се запишани резултатите од вчерашното гласање.
Се прави увид во она што е внесено како електронски запис во системот и она што е внесено од избирачкиот одбор во записниците.
Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски околу 18 часот најавува и прес конференција на која ќе бидат соопштени првите резултати од вчера одржаните предвремени парламентарни избори.
Следуват и приговорите кои може да ги поднесат политичките партии и коалициите.
