Задолжителна вакцинација на сите здравствени работници. Вработените во јавниот сектор да прикажат сертификат за примена барем една доза вакцина, или за влез на работното место да покажат негативен тест не постар од 72 часа или да имаат сертификат за прележан Ковид 19.
Ова се препораките на Комсијата за заразни болести кои треба да стапат на сила 10 дена по усвојувањето на предлогот од страна на Владата, за да имаат време граѓаните да се вакцинираат. Зддравствените работници, пак, кои не се вакцинирани, а ги има од 20 до 30% ќе имаат рок од 30 дена да се вакцинираат.
„Сите вработени во јавниот сектор, во локалната самоуправа, во сите владини институции, за одење на работно место да прикажат потврда за најмалку една примена вакцина или да имаат ПСР негартивен тест не постар од 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок или ќе имаат потврда за прележан Ковид не постар од 45 дена или ќе имаат потврда од лекат специјалист дека вакцината не моќат да ја примаат, а тоа се они ертко имунолошки состојби за што ние ќе излеземе со листа на ретки болести и специјалисти кои тие потврди ќе можат да ги издаваат“, истакна Венко Филипче.
Од ССК вели Филипче стигнало писмо со слични барања, а се со цел да се заштитат производствените капацитети и економскиот проце во земјата. Стопанската комора на Северна Македонија бара да се воведе задолжителната вакцинација и во приватниот сектор. Само така, смета, ќе се постигнат колективни резултати во борбата со вирусот, но и ќе се овозможи континуитет на деловните процеси.
„Вработените треба да поседуваат и да приложат на увид сертификат/потврда за извршена имунизација против КОВИД (за примени најмалку две дози вакцина), како и сертификат/потврда за прележан КОВИД во последните шест месеци, сметајќи од денот на оздравувањето. За вработените кои не се вакцинирани или го немаат прележано вирусот да се предвиди воведување задолжително тестирање најмалку еднаш неделно со брзи антигенски тестови со само-тестирање или во државни или приватни дијагностички центри, како ќе одлучи работодавачот. Доколку работодавачот се одлучи за само-тестирање, тоа да се изведува во работните простории, а работодавачот да го одреди местото и времето на само-тестирање“, посочи Анета Трајковска.
Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) реагира на најновите мерки за вработените во јавниот сектор што ги предлага Комисијата за заразни болести. Со предложените мерки, според КСС, се кршат основните човекови права и се бара Владата да размисли пред да ги донесе.
„Вакцинирањето треба да е личен избор, а не да се наметнува со мерки, како што тоа сака да го наметне Комисијата за заразни болести на чело со министерот за здравство Венко Филипче. Предлогот на Комисијата, трошоците за ПЦР тестовите да бидат на трошок на вработените за нас е неприфатлив, со оглед на тоа дека над 80.000 вработени во јавниот сектор се на минимална плата која не е доволна да се преживее во текот на месецот. Недозволиво е на осиромашените работници, да им се наметнуваат дополнителни трошоци, а притоа да се прекршуваат и нивните човекови права“ – наведуваат од КСС.
Ќе се елиминира можноста за фалсификувани сертификати преку електронски алатки. Со помош на апиликација која го покажува QR кодот и апликација која контролира валидноста на тој QR код. Процесот ќе го контролираат инспекторатите и МВР.
