„Ние сме тука во Малта во градот Валета. Ова е една од најмалите земји во светот со население од околу 500 илјади жители. Остров кој се наоѓа во центарот на Медитеранот. Тука долета Македонската фудбалска репрезентација“, вели репортерот на ТВ21.
Фудбалерите избрани од Боби Милевски во вторник ќе го одиграат следниот натпревар против Малта, во рамките на квалификациите за Евро2024.
„Што се однесува до играта, точно е дека ќе биде сосема поинаква од онаа со Италија, каде што најчесто бевме во дефанзива. Сега е сосема поинаку затоа што мораме да напаѓаме и мораме да ја задржиме топката и да создаваме шанси, но воопшто не се сомневам, момците докажаа дека имаат квалитет во секој тип на игра и утре е многу добра можност да добиеме 3 бода и го завршиме овој многу позитивен циклус“, вели Агон Елези.
Барди и соиграчите се опуштени по ремито со Италија во Скопје.
Знаејќи го квалитетот на Малта, за претставникот на Македонија само победа ќе се смета за позитивен резултат.
Ремито против Италија донекаде го стави во сенка дебаклот од 7:0 што го претрпевме со Англија. Играчите охрабрени со што се врати позитивната атмосфера во тимот.
Натпреварот против Малта изгледа лесен на хартија, но за тие 90 минути репрезентативците ќе треба да се испотат за да освојат 3 бода.
Енис Барди, кој ги освои срцата на сите навивачи по голот со Италија, на прашањето дали се надева да постигне гол против Малта, одговори само со насмевка.
Н: Дали Енис се надева дека ќе постигне гол против Малта?
Против Италија капитенот играше во улога на напаѓач, но на која позиција ќе игра во вторник се очекува да открие самиот селектор Милевски. Заедно со тимот се Трајковски и Несторовски, двајца многу искусни напаѓачи, кои се очекува да се активираат на оваа средба.
Натпреварот се игра во вторник со почеток во 20:45 часот. За ТВ21 од Малта, Артан Нухиу.