Во една земја на Балканот се повлекува од продажба морска сол затоа што содржела пластика

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Хрватскиот државен инспекторат повлече од пазар јодирана морска сол произведена од Котањи, поради неидентификувани пластични честички, настанати при мелењето.

Хрватската агенција за земјоделство и храна заклучила дека производот не е во согласност со Регулативата 178/2002 за воспоставување на општите принципи и услови на законот за храна, формирање на Европската агенција за безбедност на храна и воспоставување процедури во областа на безбедноста на храната.

Станува збор за морска сол од 92 грама, со рок на употреба до 4 јуни 2026 година, 4 јули 2026 година, 9 септември 2026 година, 17 октомври 2026 година и 18 декември 2026 година, објавено е на веб-страницата Котањи, пренесува „Н1“.