Во албанскиот град Елбасан, заедничка седница утре ќе одржат владите на Албанија и на Косово.
Според најавата ќе бидат потпишани 16 договори, еден од нив за олеснување на движењето на луѓе и стока, со отвора нов граничен премин, покрај веќе постојните два, Морина и Тропоја.
Ќе биде потпишан и договор за олеснување на процедурите за добивање дозвола за престој, потоа за меѓусебното признавање на социјалното осигурување и на дипломите стекнати на високите образовни институции во двете држави.
Се оекува да биде потпишан договор за отворање нов граничен премин кај Шиштавец, област Гора и делот како и за отворање нов граничен премин кај
Предвидена е заедничка прес-конференција на домаќинот Еди Рама и неговиот косовски колега Албин Курти.
-И покрај незадоволството и противењето меѓу нив, премиерите Еди Рама и Албин Курти повторно ќе се ракуваат. Албанската и косовската влада ќе се сретнат по 7-ми пат, а Елбасан ќе биде градот кој ќе ги пречека двата кабинета, наведува Ора њуз.
За одржувањето на седницата на Фејсбук објави и премиерот Рама.
-Утре заедничка средба на двете влади во Елбасан, пишува Рама во својата објава на која постира фотографија со знамињата на двете земји.
Ова е седма заедничка седница на владите на двете земји, по онаа од 2014 година што беше одржана во косовскиот град Призрен. Досега двете земји имаат потпишано 86 договори, но некои од нив останаа само во протоколарната статистика, бидејќи не беа спроведени.
