Германската канцеларка Ангела Меркел и представниците на сојузните и покраинските влади, се договориле да го продолжат „локдаунот“ до 7. март, со одредени попуштања како што се отворање на фризерските салони од почетокот на март.
Пред оваа одлука, беше предлог мерките да бидат продолжени до 14. март, но неколку државни премиери инсистирале тоа да биде помалку.
Меркел после состанокот со претседателите на сојузните влади, рекла дека е задоволна од епидемиолошката ситуација во Германија, затоа што заразата во изминатите три месеци значајно се намалила.
Сепак, ги замоли жителите на Германија да бидат трпеливи, затоа што постои страв од другите варијанти на коронавирусот кои се шират од Велика Британија и од Јужна Африка.
