Во Германија пронајден фосил на мува стар 47 милиони години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Меѓународен тим на научници на чело со Фридгир Гримсон од Универзитетот во Виена, пронашал до сега непозната фосилна врста на мува во јама во Месел во Германија, која се наоѓа под заштита на Унеско.

Во стомакот на мувата наводно бил пронајден полен од различни билки, со кој научнмиците добиле увид во исхраната, тогашната екологија како и улогата на ова животно во тоа време.

„Содржина на полен во стомакот на фосилната мува кажува дека мувите пред 47 милиони години се храниле со полен и биле значајни за ширење на поленот“, рече Гримсон.

Се претпоставува дека мувата не минувала премногу далеку во потрага за храна, и дека барала билки во опкружувањето.