Во Гостиварско 15 лица го прекршиле полицискиот час

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицијата во гостиварскиот регион регистрирала повеќе случаи на непочитување на забраната за движење, по што се приведени 15 лица кои ќе се соочат со соодветни пријави. Меѓу прекршителите имало и две малолетни лица.

Најголемиот број на непочитување на полицискиот час во гостиварско е регистриран во попладневните часови, информираат од СВР Тетово.

Приведени се и две лица од селото Горна Бањица, кои одбиле да се легитимираат на пунктот во близина на гостиварската болница. Тие упатувале навреди и ги омаловажувале полициските службеници. Ним ќе им бидат изготвени соодвтени поднесоци по целосно расчитување.