Сообраќајот на железничката линија Мадрид – Севиља ќе биде намален по минатонеделната железничка несреќа. Ограничувањето ќе остане на сила сè додека Шпанската агенција за безбедност на железницата не го преиспита безбедносниот систем на пругата и владата не го заврши задоцнетото воведување на Европскиот систем за управување со железничкиот сообраќај (ERTMS).
Ова денеска го изјави шпанскиот министер за транспорт, Оскар Пуенте.
Во железничката несреќа во близина на местото Урда, во централна Шпанија, загинале 69 лица. Во друга несреќа во јануари, во која учествувале истите железнички компании на истата линија, животот го загубиле 46 лица, пренесува Ројтерс.
Дополнителна загриженост предизвикал и инцидентот од минатата среда, кога неколку возови автоматски биле запрени поради дефект на сигналниот систем. По прекинот, контролата врз железничкиот сообраќај ја презеле диспечерите од Мадрид.
