За речиси 2% во просек, или точно 1.92% се намалиле цените на прозиводите во супермаркетите во Грција во јуни, во споредба со истиот месец минатата година, пренесе МИА.
Најголеми намалувања на цените биле регистрирани кај свежото овошје и зеленчук (за 10,66 отсто), детергентите и средствата за чистење (за 6,13 проценти), кај козметиката и средства за лична хигиена (5,05 отсто), како и кај храната за храна домашни миленици и јајцата и путерот (под пет проценти).
Намалувањето на цените на свежото овошје и зеленчук, според ИЕЛКА се должи на релативно подобрите временски услови во однос на 2023 година, а на останатите категории поради нормализирањето на пазарот по пандемијата и на намалувањето на производните цени на некои производи.
Од друга страна, зголемувања на цените имало кај свежите риби и морски плодови, бисквитите, чоколадите и алкохолните пијалаци.
