Најтежок ден по бројот на починати денеска во Хрватска. Регистрирани се дури 32 починати од коронавирус во оваа земја во изминатите 24 часа.
Потврдени се нови 1.165 случаи на Ковид-19. Бројот на активни случаи сега во оваа земја изнесува 14.734.
На респиратор се 94 пациенти, а на болничко лекување се 1.127 пациенти.
Бројката на починати е за девет повеќе од рекордот 23 на 28 октомври. Хрватска бележи вкупно 594 починати од коронавирусот.
