Во Хрватска нови 2.179 случаи, 16 лица починаа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Хрватска во последните 24 часа, се регистрирани 2.179 нови случаи на коронавирус, а 16 лица починале, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Во моментов 1.097 пациенти се на болничко лекување, а на респиратор се 81 пациент.

Според податоците 16 лица починале во последните 24 часа, така што вкупниот број на смртни случаи од избувнувањето на пандемијата се искачи на 562 лица.

Во моментов има 15.894 активни случаи во Хрватска, а во моментот во самоизолација се 29.338 лица.

Од 25 февруари 2020 година, кога беше регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 51.495 лица со коронавирус. Оздравеле 35039 лица, од кои 2221 во последните 24 часа.