Во Хрватска откриен индиски сој на коронавирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Хрватска е пронајден сојот на коронавирусот B.1.617, кој за прв пат е откриен во Индија, но се работи за индивидуални случаи и властите тврдат дека нема простор за паника.

Ива Пем Новосел од хрватскиот Институт за јавно здравје вели дека сој на коронавирусот, кој за прв пат бил пронајден во Индија, бил откриен и во Хрватска.

„Индиски вид на коронавирус е откриен во Хрватска“, вели таа.

Според неа, во Хрватска е најприсутен британскиот вид коронавирус, но во неколку случаи бил откриен и индискиот вид. Овој вид, познат како двоен мутант, е доста заразен и има висок потенцијал за брз пренос.

„Откриен е пред неколку дена во Сплитско-далматинската Жупанија, но ова се индивидуални случаи и нема простор за паника“, истакна Пем Новосел.