Во последните 24 часа во Хрватска, регистрирани се нови 350 случаи на коронавирус, од 1651 тест, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.
Од последниот пресек, починаа 65 лица. Бројот на активни случаи во оваа земја изнесува 11.644.
Меѓу нив, 2.664 лица се на болничко лекување, од кои 271 се на респиратор.
Во Хрватска вкупно се заразени 204.312 лица. Бројот на починати до сега изнесува 3.613.
