Стечајниот управник на АВИОИМПЕКС АД Скопје во стечај објави оглас за продажба на недвижен имот на стечајниот должник преку електронска продажба со јавно наддавање без утврдена почетна цена.
Продажбата се однесува на деловен простор лоциран на улица Људевит Фаркаш Вукотиновиќ 9 – Савска Цеста, Загреб, Хрватска. Предмет на продажба е 1/3 идеален дел од деловниот простор, со вкупна површина од 132 м² и подрумска просторија од 22 м². Проценетата вредност на имотот е 16.640.193 денари (270.133 евра), а минималниот износ на наддавање изнесува 500.000 денари.
Продажбата се врши на принципот видено-купено и право на учество имаат домашни и странски правни и физички лица кои ќе уплатат депозит во висина од 10% од проценетата вредност најдоцна до 11.11.2024 година.
Електронската аукција е закажана за 15.11.2024 година со почеток во 11:00 часот и ќе трае 30 минути. Доколку понуда се поднесе во последните 10 минути од аукцијата, истата ќе се продолжи за уште 10 минути.
Најповолниот понудувач ќе треба да го уплати понудениот износ, зголемен за ДДВ, во рок од осум дена од добивањето на Решението на стечајниот судија.
