Во Идризово учениците Албанци ја блокираат наставата – поради прекршените верувања, денес страдаат децата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Јас се викам Вебуше. Сакам да учам во ова школо. Не сакам да одам по други училишта, сакам овде да учам до 9 одделение“.

Отидоа до вратата на основното училиште Његош во Јурумлери. Ова се учениците од селото Идризово кои завршија петто одделение а сега во шесто одделение не можат да учат на албански јазик. Затоа денеска тие ја бојкотираат наставата. Родителите велат дека функционерите ги прекршуваат дадените ветувања.

„Паралелката која сега треба да оди во шесто одделение има 13 ученици кои треба да продолжат, меѓутоа ние нема да прифатиме да ги праќаме на друго место бидејќи ги праќавме две години по ред мислејќи дека тие го почитуваат договорот. Ние го почитувавме договорот како родители, а државата за жал ја изгуби демократијата“, истакна Бајрам Бејта.

Родителите велат дека не знаат што да прават, децата сакаат да учат но нема услови.

„Еднаш велат ќе се гради школо, потоа велат не може, не знам што е проблемот“, вели родител.

А учениците велат дека овој ден го чекале со голема радост, но денеска дојдоа само до пред вратите на училиштето Његош.

„Причината зошто седам овде е бидејќи сакам да се отвори ново училиште овде во Идризово и да учиме сите заедно со другарите, во нашето место а не да одиме по други школи“, посочи ученик.

Министерката за образование Мила Царовска веќе една година не може да ја спроведе бирократската процедура за изградба на училиште во Идризово.

Родителите велат дека 80 ученици се од селото Идризово и сакаат да учат на албански јазик во основното училиште   Његош. Поради недостиг на албанска паралелка од петто до деветто одделение, принудени се децата да ги запишуваат во другите училишта во градот.