Во Индија најголем број заразени во последните четири месеци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Индија пријави најголем број заразени со коронавирус во последните четири месеци, така што неколку земји повторно воведоа ограничувања на јавните собири.

Министерството за здравство денеска соопшти дека во претходните 24 часа биле регистрирани 43.846 новозаболени лица, што е најголем пораст за еден ден од средината на ноември.

Повеќе од половина од новите инфекции се пријавени во најбогатата држава Махараштра, каде што е воведена блокада во некои области до крајот на месецот. Властите во главниот град Мумбаи соопштија дека ќе спроведат задолжителни тестови за вирусот во пренаселените области.

Според Министерството, нагло зголемување на бројот на заразени од минатата недела пријавија седум држави каде што се воведени рестриктивни мерки и затворени рестораните и училиштата.

Со повеќе од 11,5 милиони случаи на инфекција со коронавирус, Индија е трета по зараза во светот, по САД и Бразил.

Владата најави дека планира да вакцинира 300 милиони луѓе до август, но досега се вакцинирани  44 милиони, од кои 7,4 милиони примиле само една доза.