„Во интерес на сите е да се одржи Меѓувладината конференција“, рече германската амбасадорка Холштајн

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Германската амбасадорка Анке Холштајн, за време на Работниот појадок во организација на МНР Османи со Амбасадорите на “ЗБ6”, како дел од активностите во рамките на Заедничкото ко-претседавање на Република Северна Македонија и Република Бугарија со Берлинскиот процес, рече дека е од големо значење да се одржи првата Меѓувладина конференција.

Таа додаде дека Германија прави се што е во нејзина моќ таа да се случи.

„Реков неколку пати дека првата меѓувладина конференција и Македонија ќе придонесе за земјата да го почне патот кон Европската Унија. Ние правиме се што може за Меѓувладината конференција меѓу ЕУ и Северна Македонија да се случи. Има уште малку време, и на интерес е на сите е да се случи таа конференција“, рече Холштајн.