Институтот за јавно здравје објави податоци на новозаразени со Ковид-19 во текот на изминатата недела. Од бројките се гледа дека најзастапена е возрасна група на лица од 50 до 59 години, односно 213 заразени во оваа старостна група.
„Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица од 50-59 години со 213 (22,3%) позитивни. Поголем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст над 60 (n=187; 19,6%) и 40-49 (n=187; 19,6%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=25; 2,6%) и 10-19 години (n=45; 4,7%).
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 483 (50,5%) лица од женски и 473 (49,5%) од машки пол.“, соопштија од ИЈЗ.
