Гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом денеска прогласи вонредна состојба во таа американска држава поради ширењето на птичјиот грип, кој првично се појави кај млечните крави, а инфекцијата досега е регистрирана кај 61 лице ширум САД.
Тој рече дека прогласил вонредна состојба за да може персоналот подобро да се подготви и да ги надополнува резервите за да се бори што поефективно со вирусот, пренесува АП.
За време на тестирањето, птичјиот грип беше откриен во најмалку 650 стада во Калифорнија, што претставува околу три четвртини од сите погодени млечни стада во САД.