Во камион на „Табановце“ најдена марихуана, приведени двајца возачи од Грција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 15.09.2020 во 09.00 часот на Граничниот премин „Табановце“, за влез во Р.С. Македонија се пријавило товарно возило „сканија“, со холандски национални ознаки, управувано од Г.В.(32) и совозач И.Т.(32), двајцата државјани на Р.Грција.

При детална контрола од царинските служби, во личниот багаж на возачот и совозачот биле пронајдени по пет ќесиња со марихуана. Двајцата биле задржани во полициска станица и се преземаат мерки за расчистување на случајот.