Во Келн голема евакуација поради деактивирање на големи американски бомби

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Околу 20.000 лица се евакуирани од своите домови во германскиот град Келн, додека експертите се обидуваат да деактивираат три бомби од Втората светска војна. Ова е најголемата повоена евакуација во градот и следува по откривањето на три американски бомби во понеделник – две од 1.000 кг и една од 500 кг.

Поради големината на бомбите, површина од 1.000 квадратни метри е оградена и запечатена. Службениците одат од врата до врата за да проверат дали канцелариите и домовите се празни. Девет училишта, 58 хотели, болница, главното градско собрание и област во близина на познатата Келнска катедрала, која е дел од светското наследство на УНЕСКО, се меѓу многуте места што се привремено затворени.

За евакуираните граѓани беа поставени две засолништа.

1,5 милиони бомби беа фрлени врз Келн за време на Втората светска војна. Експертите проценуваат дека околу 20% не експлодирале. Некои од овие таканаречени „дефектни парчиња“ сè уште лежат неексплодирани под улиците и предизвикаа бројни евакуации во текот на годините.

Согласно планот, сите евакуирани лица би требало да се врата во своите домови до вечерва.