Во Кина регистриран најголем број на новозаразени со Ковид-19 од 1 март минатата година

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во Кина изминатите 24 часа регистриран е најголем број на новозаразени со Ковид-19 од  март минатата година, додека во североисточниот дел на земјата над 28 милиони луѓе се во карантин.

Пријавени се вкупно 144 заразени лица со Ковид-19, што е најголем дневен број од 1 март 2020 година, кога беа регистрирани 202 пациенти.

Според кинеските здравствени власти, 135 од новите случаи се локална инфекција, од кои 90 се во провинцијата Хебеи во близина на Пекинг.

Досега во Кина со Ковид-19 се инфицирале 87.988 луѓе, а не е променет бројот на смртни случаи, што изнесува 4.635.