Во која земја е најевтино, а во која најскапо горивото? Литар бензин во оваа држава чини само 1,7 денари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во април 2025 година, цените на горивата значително варираат низ целиот свет, како одраз на економските, политичките и географските специфичности на одделни земји.

На врвот на листата на најскапо гориво е Хонг Конг, каде што граѓаните плаќаат 3,46 евра по литар (околу 215 денари). Високите цени се должат на високите даноци и трошоците за увоз на гориво. Следува Исланд, каде што горивото се продава по цена од 2,35 евра по литар, а после нив Данска (2,21), Холандија (2,20), Лихтенштајн (2,14). Ова е цена за ЕУРОСУПЕР 95.

Од друга страна, најевтиното гориво е достапно во земјите богати со нафта, каде што владите често ги субвенционираат цените за да го поддржат своето население. Во Либија е најевтиното гориво ЕУРОСУПЕР 95 октани, и чини само 0,027 евра (1,7 денари) по литар. Многу блиску до нив е Иран каде чини 0,029 евра, додека во Венецуела литар бензин чини 0,035 евра.

Во Македонија цената на горивата е:

ЕУРОСУПЕР 95 – 71,5 ден./литар

ЕУРОСУПЕР 98+ – 73,5 ден./литар

ЕУРОДИЗЕЛ: 64,0 ден./литар

ИЗВОР: Poslovni.hr