Во ковид центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 12 пациенти – вкупно се лекуваaт 249

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 12 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 249 лица сомнителни и потврдени за КОВИД-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 7 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 5 нови приеми на пациенти  и ниту еден  на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 6 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 29 пациенти, на Клиниката за неврологија 31 болен, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 12 пациенти со симптоми на корона вирусот.  

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 74 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 83 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 18 пациенти. На ГАК се хоспитализирани две пациентки.

Вкупно 249 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 100 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка.