Двајца доктори и една медицинска сестра се заразени во Куманово. Ова го потврди министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата одржана денеска во владата.
„Во кумановската болница вчера се работеше интензивно, се правеа интервјуа, се анализираа првични и секундарни контакти, сите во врска со починатата пациентка. Има пет позитивни лица, од кои тројца се здравствени работници, двајца доктори и една медицинска сестра. Земени се вкупно 63 брисеви, како од болницата, така и членови на семејството, согласно кои резултати ќе се направи план за работа на целата болница“, изјави Филипче.
