Во Македонија има дефицит од квалификувани работници – Беџети: Економската писменост е нужна потреба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Економската писменост е нужна потреба и треба да се почне од средните училишта и универзитетите, вели академикот, Абдулменаф Беџети, според кој, најголем проблем за домашната и економијата во Европа е квалификуваната работна сила.

„Денес на пазарот на труд постои голема асиметрија помеѓу она што ние како академија го произведуваме и она што го произведуваат нашите претходници и средните училишта. Писменоста треба да почне од економскиот дел, па сѐ до највисоките нивоа. Најголемиот економски проблем што го има нашата земја, целата економија на Западен Балкан и целата економија на Европа е недостиг на квалификувана работна сила во однос на побарувачката на пазарот на труд. Со ова се соочува Германија, а камоли пак, Македонија“, вели Абдулменаф Беџети.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, рече дека поддржува секаква иницијатива за економска писменост, бидејќи информираноста во време на криза, може да го зачува животниот стандард.

„Не само во Република Северна Македонија, туку и на европскиот континент, и на глобално ниво, се соочуваме и со раст на цените, и со енергетска криза и многу е важно, почнувајќи од домаќинствата, од нашите семејства или од повисоки нивоа, да имаме што повеќе информации за справување со кризи со единствена цел – одржување на животниот стандард на граѓаните, што потоа би влијаело и врз економскиот развој на државата. Овие иницијативи ќе бидат поддржани од Министерството за економија, од Владата во целина за едукација на целата маса“, доаѓа Крешник Бектеши.

Овие коментари, Бектеши и Беџети ги дадоа на денешната конференција EconLit2023 на тема – Економска писменост и образование.